Loading...

Прехрамбена индустрија МАКС

„МАКС“ ДООЕЛ Струмица е формирана 1990 година во Струмица како фирма со еден вработен. Вистинскиот развој го почнува во 1994 како фирма со производствена дејност: пакување на прашкасти и зрнести прехрамбени производи. Тогаш производството беше во мал производствен погон во с. Босилово, Струмичко.


Во 2003 година е изграден нов производствен погон во индустрискиот дел на Струмица, во кругот на Југопромет каде се наоѓа и денес. Од тогаш до денес постојано се шири машинскиот парк, со што се зголемува производството, асортиманот на производите и бројот на вработените. Производите се продаваат на домашниот пазар, но од 2008 година започна пласман и на странскиот пазар.

Макс погон

Успешно е воведен 2008 година НАССР систем, го сертифицираше SIQ, истиот се одржува и ресертифицира се до 2015 година кога е воведен интегриран стандард: ISO 22000 и НАССР систем кој е сертифициран од TUV NORD, истиот редовно се одржува. Покрај производствениот погон, во рамките на друштвото-организацијата функционира и дисконт за продажба на големо на прехрамбени и колонијални производи и од 2012 година втор погон за производство на екструдирани производи.


Нашата визија е постојано тежнеење кон развој, производство на производи со висок квалитет и поголем пласман на производите на домашниот и странскиот пазар. Висока професионалност и успешност во извршување на деловните операции се императив за максимална заштита на интересите на нашите потрошувачи, деловни партнери и вработените.



Во 2015 година МАКС го зголемува своето производство на СНЕКС производи и на втора локација во непосредна близина на управата на МАКС. Во 2016 година комплетно е обновена вентилацијата во погон за производство на СНЕКС производи, како и дел од подот и ѕидовите во магацинските простории во новиот погон.

Својот успех и позиција на успешно производно претпријатие должиме на постојано учество и/или посети на меѓународни саеми како што се:
- SIAL – Париз
- ANUGA – Келн
- SNACK EKS – секоја година на различна локација
- GOLFOOD – Дубаи
- FOOD INGREDIENS – секоја година на различна локација
- CANTON FAIR – Кина
- INTERPARK – Диселдорф
- ANUGA FOOD TECH – Келн

Како излагачи учествувавме во:
- Меѓународен Новосадски саем во Нови Сад – Војводина, Р. Србија;
- Скопски саем – Саем на претприемништво – Скопје


Во 2017 година за прв пат се сертифицираме според HALAL стандард, со тоа го проширивме пласирањето на нашите производи во земји каде се вреднува HALAL стандардот.
Во 2018 година се сертифицираме со ISO 2200 : 2018 и во моментот сме во процедура на воведување на IFS Version 6.
Во 2021 година МАКС Струмица има 160 вработени, со преку 6000 тони годишно производство и преку 15000 к.в метри производствени погони.


Стручен тим постојано развива нови идеи и рецептури, експериментира со суровини и зачини.


Зачините се повеќе од обичен додаток на храната, тие се инспиративна состојка која поттикнува креативност и индивидуалност на секој кој сака да ужива во добра храна. Да се зачини некоја храна причинува радост на оние кои готват, а оние кои ќе ја пробаат храната им дава незаборавно уживање на единствен и неповторлив вкус.


Новите развојни достигнувања доведоа до планирање на проширување на палетата на производи со нови неповторливи ароми, бои и вкусови.


Нашето Мото гласи: "зачинето задоволство".

Проценете сами.