Loading...

Прехрамбена индустрија МАКС

Секогаш се работи интензивно на модернизацијата на производството. МАКС е поборник на најновите технологии и со мноштво на технички иновации во производството цврсто стои ориентиран према иднината. Како и секогаш се води грижа за најдобар квалитет на производите, така МАКС ја потврдил својата грижа за квалитет со добивање на сертификат за HACCP , едно важно одличје на пазарот на храната.

Политика за квалитет и безбедност на МАКС Струмица се базира на задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите потрошувачи и купувачи, како примена и одржување на пазарна ориентираност.


Основните принципи на Политиката за квалитет и безбедност се:


  • Професионалност во сите сегменти на работењето согласно барањата на Купувачите и Консументите
  • Доверба и сигурност во деловните партнери
  • Континуирано подобрување и унапредување на системот за управување со безбедноста на храната согласно HACCP Системот
  • Зголемување на приходите со зголемување на асортиманот на производи
  • Производство на безбедна храна со примена на GMP И GHP нормите
  • Набавка на суровини од проверени добавувачи
  • Постојано подигање на нивото на знаење и вештини на персоналот согласно принципите на HACCP и ISO 22000 Системот
  • Флексибилност на персоналот во извршување на работните задачи и обврски
  • Создавање на услови за развивање на креативноста и унапредување на тимската работа на вработените