Квалитет
Секогаш се работи интензивно на модернизацијата на производството. МАКС е поборник на најновите технологии и со мноштво на технички иновации во производството цврсто стои ориентиран према иднината. Како и секогаш се води грижа за најдобар квалитет на производите, така МАКС ја потврдил својата грижа за квалитет со добивање на сертификат за HACCP , едно важно одличје на пазарот на храната. Политика за квалитет и безбедност на МАКС Струмица се базира на задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите потрошувачи и купувачи, како примена и одржување на пазарна ориентираност.
Основните принципи на Политиката за квалитет и безбедност се:
- Професионалност во сите сегменти на работењето согласно барањата на Купувачите и Консументите
- Спроведување на сите релевантни законски спецификации и обврски
- Производство на безбедна храна со примена на GMP И GHP нормите
- Постојано подигање на нивото на знаење и вештини на персоналот согласно принципите на HACCP и ISO 22000 Системот
- Флексибилност на персоналот во извршување на работните задачи и обврски
- Создавање на услови за развивање на креативноста и унапредување на тимската работа на вработените
- Доверба и сигурност во деловните партнери
- Зголемување на приходите преку проширување на палетата на производи